Без оглед на тоа какви ќе бидат резултатите од претстојните претседателски избори во САД, Русија ќе продолжи да биде, ако не непријател, тогаш барем противник, во најдобар случај конкурент на САД, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за рускиот весник „Аргументи и факти“.
Тој исто така рече дека изјавите на американскиот претседател Џозеф Бајден за подготвеноста на Вашингтон да преговара со Русија за намалување на нуклеарното оружје се само предизборни флоскули, кои сакаат да добијат поени за демократската кандидатка Камала Харис.
Да потсетиме дека американскиот претседател рече дека е неопходно да се стремиме кон целосно уништување на нуклеарниот арсенал. Тој изјави и дека Вашингтон е подготвен да разговара со Русија, Кина и Северна Кореја во таа насока.