Лавров: Руското поседување нуклеарно оружје е одговор на заканите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека поседувањето на нуклеарното оружје е единствениот одговор на неговата земја за безбедносните закани.

„Поседувањето на нуклеарното оружје денес е единствениот можен одговор на некои од позначајните надворешни закани за безбедноста на нашата земја“, вели шефот на руската дипломатија во интевјуто за списанието за надворешна политика Международная жизнь, од кои делови беа објавени ноќта кон саботата.

Од почетокот на руската инвазија во Украина ланскиот февраури и изјавата на поранешната британска премиерка Лиз Трас дека колективен Запад би требало да размислува за превентивен нуклеарен удар што се надоврза на претходните настојувања НАТО да ја смени својата нуклеарна доктрина, а потоа и изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека нуклеарниот арсенал ќе биде употребен доколку биде загрозен физичкиот интегритет и опстанокот на Русија, на Западот зачестија обвинувањата дека Москва се заканува со употреба на нуклеарното оружје.

Таквите изјави беа повторени на Западот и во најавата на украинската противофанзива за којашто се очекуваше дека ќе доведе до брз пораз на руските трупи во Украина и опасноста Москва одмазнички да искористи тактично нуклеарно оружје.

Лавров, пак, во интервјуто предупредува дека САД и нивните сојузници во НАТО ризикуваат „ситуација од директен вооружен судир на нуклеарните сили“, но директно не ја споменува употребата на таквот оружје.

„Сметаме дека таквиот развој на настаните треба да се спречи. Затоа мораме да потсетиме на постоење на високи воени и полтички ризици и да им испратиме отрезнувачки сигнали на нашите противници“, вели Лавров.