Лавров: САД го подготвуваа теренот за хибридна војна против Русија

Рускиот министер за внатрешни работи Сергеј Лавров во средата на прес-конференцијата во врска со изминатата 2022-година повторно го обвини САД за подготвување на теренот за војната во Украина во рамките на хибридната војна против Русија.

Шефот на руската дипломатија посочи дека кризата во Украина почна многу пред Русија да испрати десетици илјади војници кон крајот на ланскиот февруари, во она што го нарекува „специјална воена операција“ чијашто цел е „заштитата на руското население од геноцидот на киевскиот режим“.

 

Вашингтон по стапките на Хитлер и Бонапарта

Лавров направи споредба на постапките на САД со идентичните потези низ историјата на германскиот нацистички водач Адолф Хилтер и претходно на францускиот император Наполеон Бонапарта.

Вашингтон, исто така, ја покори Европа за да води војна против Русија, рече Лавров, додавајќи дека истото тоа веќе го имаа направено во историјата и германскиот нацистички водачи и францускиот цар веќе еднаш се обиделе да ја искористат истата тактика против Русија.

„Соединетите држави преку Украина водат војна против нашата земја со иста цел: конечно решение на руското прашање“, рече Лавров пред новинарите на годишната прес-конференција.

Потсети дека од крајот на идеолошката блоковска Студена војна во последните децении од минатиот век, САД „условно од 1990 година“ извршиле околу 300 инвазија врз странски територии. Лавров оцени дека често се случувало инвазијата врз други држави Вашингтон да изврши „ако некој Американец бил навреден“.

„Тоа редовно се случува во Централна Америка, особено на Карибите. Или, пак, целта била да се елиминираат заканите за мирот и безбедноста (на САД). На пример, Садам Хусеин наводно имал оружје за масовно уништување, што подоцна се покажа дека е измислено“, рече шефот на руската дипломатија.

 

Нема сериозни предлози за мир во Украина

Лавров рече и дека Москва очекува допрва да види сериозни предлози за мир во Украина и дека идеите на украинскиот претседател Володомир Зеленски за таа тема се неприфатливи.

Повтори дека Москва е подготвена да преговара за прекин на конфликтот со западните земји и да одговори на сериозни предлози, меѓутоа дека во таквите разговори мора да биде разрешена пошироката безбедносна загриженост на Русија.

Лавров повторно го повика НАТО, како што тоа го стори официјално Москва со сопствен предлог неколку точки во декември 2021 година, да ја отстрани својата воена инфраструктура (воени бази и ракетни единици) од Украина и другите земји кои граничат со Русија.

Предупреди и дека Русија ќе биде присилена соодветно да одговори на својата граница, откако Финска и Шведска би станале членки на НАТО и на чии територии ќе бидат стационирани војски на Алијансата.

Притоа Лавров посочи дека Финска долго време беше пример за пријателски односи, но дека брзо ја променила својата реторика кон Русија. Ден претходно од Хелсинки објавија дека и покрај очекуваното скоро зачленување во НАТО, на финската територија нема да бидат разместени сили и вооружување кое може да се смета за провокација на Москва.