Лавров: Ширењето на НАТО е контрапродуктивно

Откако Моска го припои Крим, НАТО го засили воениот состав на границата меѓу балтичките земјии Русија.

„Ширењето на НАТО на истокот е контрапродктивно“, оценил вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на конференција за новинари после разговорите со финскиот шеф на дипломатијата Ерккиј Туомиој.

„Неприродниот обид на НАТО да го продолжи ширењето на исток, како и јакнењето на воените инфраструктури блиску до границата, е контрапродуктивен и во спротивност со обврските кои земјите членки на НАТО ги имаат превземено“, рекол Лавров, пренесоа медиумите.

Наводите за ширење на Северноатлантскиот сојуз е „во спротивност со обврските кои земјите членки на НАТО ги имаат превземанио во рамките на Организацијата за европска сигурност и соработака (ОБСЕ) и со темелен акт на НАТО – Русија.“

Откако Москва го припои украинскиот полуостров Крим, НАТО ги засили својот воен состав блиску на границата меѓу балтичките земји и Русија.

Рускиот министер за надворешни работи, исто така, го критикувал запирањето на изградбата на плиноводот Јужен тек, кој во неделата го објави Бугарија, на што, според Лавров, влијаеле земјите кои сакаат да го поткопаат дијалогот меѓу Русија Европската Унија.

„Недоамна во Брисел слушнавме дека преговорите за Јужен тек ќе бидат замрзнати додека Русија не ја признае власта во Киев. Ви се чини ли тоа вам конструктивно?“, запрашал Лавров.

„Брисел е воден од желбата да казнува, да се освети, а не од пиродната намера по пат на своите централни органи на ЕУ да ги им заганрантира економските и други интереси, легитимни и природни на своите земји членки“ рекол рускиот министер.

Изградбата на Јужен тек би требало да обезбеди на југот на Европа достава на рускиот плин чиј голем дел преоѓа преку Украина, која до вторник мора да го плати долгот од повеќе милијарди долари како и плинот испорачан во јуни, без што Газпром ќе ја прекина испоракта на плин.