Лавров: Украинскиот мировен договор мора да ја гарантира безбедноста на Русија

Русија не ја гледа смислата на лабаво примирје за замрзнување на војната во Украина, наместо тоа, Москва сака правно обврзувачки договор за долгорочен мир што ќе ја гарантира безбедноста на Русија и нејзините соседи, изјави во четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Примирјето е пат кон никаде“, рече Лавров, додавајќи дека Москва верува дека Западот ќе го искористи лабавото примирје за дополнително вооружување на Украина.

„Потребни ни се конечни правни договори кои ќе ги зацврстат сите услови за да се гарантира безбедноста на Руската Федерација и, се разбира, легитимните безбедносни интереси на нашите соседи“, рече Лавров.

Додаде дека Москва сака правните документи да бидат составени на таков начин што ќе се обезбеди „неможност да се прекршат тие договори“.

Во ноември агенцијата Reuters,м повикувајќи се на наводни извори во кремљ, објави дека рускиот претседател Владимир Путин наводно е отворен за преговори за прекин на огнот во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но дека тој ја исклучува можноста за какви и а се големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од своите аспирации за членство во НАТО.

Путин минатата седмица изјави дека е подготвен на компромис за Украина во можните разговори со Трамп за завршување на војната и дека нема предуслови за отворање преговори со украинските власти.

Рускиот претседател рече дека конфликтот е комплициран, па „тешко и бесмислено е да се шпекулира за иднината, (но) се движиме кон решавање на нашите првични задачи, кои ги поставивме на почетокот на специјалната воена операција.

Трамп, кој постојано повторува дека ќе ја прекине војната, во неделата изјави дека Путин сака да се сретне со него. Русија, од друга страна, тврди дека немало никаков контакт со администрацијата на Трамп што доаѓа.

Амбасадорот на Трамп во Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, ќе отпатува во Киев и во неколку други европски метрополи на почетокот на јануари, бидејќи новата администрација се обидува брзо да стави крај на војната меѓу Русија и Украина, според двајца извори запознаени со планирањето на патувањето.

„Навистина се надевам дека администрацијата на г-дин Трамп, вклучително и г-дин Келог, ќе се вклучи во главните причини за овој конфликт. Ние секогаш сме подготвени за консултации“, рече Лавров.

На 17-ти декември 2021 година, руското Министерство за надворешни работи објави нацрт-договор передложен на САД и НАТО за безбедносни гаранции, како и договор за мерки за обезбедување на безбедноста на Русија и земјите-членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор. Руско-американските консултации за овие прашања се одржаа на 10-ти јануари 2022 година во Женева. На 12-ти јануари во Брисел се одржа состанок на Советот Русија-НАТО, а на 13-ти јануари за овие иницијативи се разговараше на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

На 26 -тијануари 2022 година, САД и НАТО ѝ предадоа на Русија куси писмени одговори на предлозите за безбедносни гаранции. САД побараа да не се објавуваат текстовите на овие документи, но американскиот државен секретар Ентони Блинкен и тогашниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги спомнаа нивните главни одредби. Според она што го изјавијај тогаш, Западот одбива да направи какви и да се суштински отстапки на безбедносните барања на Русија.

Путин тврди дека арогантниот Запад, предводен од САД, ги игнорирал руските постсоветски интереси, се обидува да ја внесе Украина во својата орбита од 2014 година, а потоа ја искористил за да води војна преку неа со цел да ја ослабне и уништи Русија.

Москва тврди дека можноста за членство на Украина во НАТО е едно од клучните оправдувања за нејзината инвазија. Русија рече дека членството на Украина во НАТО ќе го оневозможи секој мировен договор.