Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави во вторникот дека неговиот американски колега по должност државниот секретар Ентони Блинкен се согласил дека треба да се разговара за загриженоста на Русија за нејзината безбедност, во заднината на тензиите околу Украина.
„Ентони Блинкен се согласи дека постојат причини за продолжување на дијалогот (за руската безбедност). Ќе видиме што ќе се случи“, рече Лавров за руската јавна телевизија по телефонскиот разговор со шефот на американската дипломатија.
Рускиот министер за надворешни работи не зборуваше за Украина, ниту за одбвинувањата на Западот дека Русија трупа војска на границата со соседната земја поради наводна инвазија а САД бараат „моментални“ повлекување на трупите од границата.
Лавров рече дека за Москва и натаму главното прашање е тоа што Западот не го признава начелото на „неделивост на безбедноста“, според којашто ниедна земја не смее да ја јакне својата безбедност на штета на другите.
Москва смета дека НАТО токму тоа го прави со своето постојано ширење на истокот и до самите руски граници, како и со воспоставувањето бази и инсталирањето стратешко вооружување што претставува закана за Русија. Водечките земји на Алијанската, пак, сметаат дека секога земја треба слободно да ги избира своите сојузници како свој аргумент, но рускат страна потсетува на ткн „обоени револуции“ со кои според Москва во одредени земји Запад инсталираат власти какви што одговараат на нивните интереси.
„Денеска му реков на Ентони Блинкен дека нема да дозволиме тоа прашање да биде премочлено. Ќе настојуваме на искрен и отворен разговор“, рече Лавров.
САД го отфрлија руските предлози за постигнување договор за запирање на политикат на НАТО за ширење кон нејзините гранции, во прв ред со примање во членство на Украина и Грузија, за повлекување на странските трупи и базите на Алијансата од источните земји членки зад линијата на проширување од 1997 година, но е согласен за преговори за разместување на ракетните арсенали и меѓусебно ограничување на воените маневри.