Бројот на цивили убиени за време на израелската операција во Појасот Газа го надмина бројот на цивилни жртви во периодот по државниот удар во Украина во 2014 година, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Како што пренесува ТАСС, за време на преговорите со кубанскиот колега Бруно Родригез Парила, Лавров истакнал дека тоа се огромни бројки за регионот и дека нема светла точка во сегашната ситуација, според шефот на руското МНР.
Претходно Лавров даде изјава според која ескалацијата на Блискиот Исток се уште не ја достигнала својата кулминација.
Тој истакна дека последиците од ескалацијата може да се видат на Западниот Брег. Освен тоа, надвор од палестинските територии се вршат напади врз Сирија, Ирак и американските бази во земјите од Блискиот Исток.
„Ситуацијата во Црвеното Море нагло се влоши, ситуацијата околу Јемен се влоши… Чувството е дека оваа регионална ситуација сè уште не ја достигнала својата кулминација, за жал“, рече Лавров.
Министерот истакна и дека речиси 30 илјади Палестинци станале жртви на ескалацијата во Газа.