Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, изјави дека Европската Унија ги поткопува мировните напори во источна Украина со заострувањето на санкциите кон Москва, јавува руската агенција Интерфакс.
„Носењето на одлуки од овој вид во момент кога мировниот процес води кон стабилност значи да се избере патот на кој се поставуваат пречки за да се дојде до мировен процес“, вели Лавров.
Лавров новите санкции ги нарече „непријателски чин“ и додаде дека Русија на нив ќе одговори „мирно, адекватно и во склад со заштитата на руските интереси“.