![sergej lavrov on](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/sergej-lavrov.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Националистичките власти во Киев со години водат политика на агресивна дерусификација и присилна асимилација во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Украинскиот режим сиве овие години (од почетокот на кризата во 2014-та) спроведува курс на агресиваната дерусификација и присилна асимилација. Луѓето кои се сметаат себеси за Русија и би сакале да го сочуваат својоте идентитет, јазик, кутура, директно ги наведуваат да сфатат дека тие во Украина се странци“, изјави Лавров обраќајќи се на седницата на Советот за човекови права при Обединетите нации.
Посочи дека украинскиот претседател Владимир Зеленски нарекувајќи ги „поединци“, им „порачал да си заминат“ во Русија, а исто така иницирал и усвојување закон за автохтони народи, меѓу кои не се набројани Русите „коишто со векови живеат на овие земји.
„Тоа е сосема во духот на законодавството на нацистичка Германија“, потсетува шефот на рускара дипломатија.
„Рускиот јазик е прогонет од училиштата и универзитетите, од јавната сфера, едноставно до секојдневниот живот. Неретки се случаите правото да се зборува мајчиниот јазик да се плаќа не само со губење на работата, здравјето, туку и со животот“, додаде Лавров.
Истакна дека „фронталниот напад“ врз рускиот јазик во Украина не предизвикува осуди на Западот, дури некои и го охрабруваат.
Медиумите јавуваат дека додека траело обраќањето на Лавров низа западни дипломати ја напуштиле саката наводно протестирајќи за руската воена операција во Украина.
Лавров рече и дека масовните гробници откриени источна украинска област Донбас се непобитен доказ за последиците од масовните гранатирања на цивили во оваа доминатно руско и рускојазична област на самата граница со Русија.
„Ултранационалистите и неонацистите, кој ја презедоа власта во Киев како резултат на државниот удар поддржан од Западот (во 2014-та), покренаа вистински терор“, рече Лавров.
Шефот на руската дипломатија рече дека невозможно е „без морници“ човек да се потсети на страшната трагедија во Одеса на 2-ри мај 2014 година. Тогаш украинските ултранационалисти во зградата на синдикатите во центарот на најголемиот пристаниешн град во земјата со оружје и подметнување оган ги нападнаа цивилните активисти на руската заедница кои протестираа против одземањето на правата. Тогаш загинаа вкупно 46 луѓе а уште стотици други беа тешко повредени, некои живи изгореа а некои животите го загубија скокајќи од повисоките катови. Досега истрагата не даде резултат и нема осомничени.
„Тогаш учесниците на мирниот митинг живи беа изгорени во Домот на синдикатите. Извршителите на ова злосторство се познати со име, позирааа пред водео-камерите, но сѐ уште не се казнети“, истакна Лавров.
„Непобитен доказ за криминалните последици од масовните гранатирања на цивилни објекти во Донбас се масовните гробници откриени во областа. Форензичката експертиза утврди дека повеќето од загинатите се жени и постари лица“, рече првиот руски дипломат.
Според него, „многубројните факти за овие еклатантни прекршувања на основото човеково право – правото на живот – едноставно се игнорирани од нашите западни колеги“.
Лавров истакна дека обидите да му се сврти вниманието на Советот за човековите права на злосторствата што се случуваат осум години наишле на рамнодуштноста на Западот.