Лавров за решавање на проблемот со миграцијата и војната против тероризмот

Русија не може да пружи придонес за решавање на проблемот со миграцијата од Сирија на штета завршување на војната против тероризмот, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Хелсинки по средбата со финскиот министер за надворешни работи Пека Хавист.

– Не можеме да придонесеме за решавање на проблемот со миграцијата на штета на завршување на војната против тероризмот, како што бараат некои политичари во Европа, истакна Лавров.

Ситуацијата во Идлиб ескалира на 27 февруари кога бунтовниците се обидоа да изведат голема офанзива. Сириската армија возврати на нападот, во кој според Анкара загинаа 36 турски војници. Потоа турските воздушни сили извршија напади врз сириските позиции. Турција тврди дека погодила повеќе од 200 цели.