Лавров за соработката со Кина и за плановите на НАТО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека соработката меѓу Русија и Кина ќе стане уште посилна во актуелните односи на крајна заостреност меѓу Западот и Москва поради руската офанзива во Украина.

„Таа соработка ќе стане посилна, бидејќи во времето кога Западот ги поткопува темелите на коишто е создаден меѓународниот систем на вредности, секако дека ние, како две суперсили, ќе мора да размислиме како да продолжиме натаму во овој свет“, рече Лавров, пренесува агенцијата Интерфакс.

Притоа дипломатот истакнува дека Русија била подготвена да соработува со Западот, дури и во сојузнички формат, но за жал тоа не успеало.

„Откако претседателот (на Русија, Владимир) Путин дојде на власт, од почетокот на двеилјадиттите години, бевме отворени кон Западот, бевме подготвени да соработуваме во различни формати, дури и во облици за коишто претедатгелот рече дека се блиску до сојузничките. За жал, тоа не успеа“, вели Лавров.

Шефот на руската дипломатија вели дека не е исклучена можноста воведувањето мировен контингент на НАТО во Украина да подразбира контрола на Полска над западниот дел на соседната земја.

Потсетува дека токму полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја изнесе идејата во Украина да се испрати мировен конгингент на НАТО.

„Не ја исклучувам можноста, доколку таа одлука ненадејно биде донесена, дека би подразбирала основата на тие мировни сили да го сочинува полски контингент кој би ја преземал клонтролата над западна Украина, водена од Лвов, каде ќе останат подолг период“, оценува Лавров.

„Сепак, сметам дека тоа е демагошка иницијатива и дека членките на НАТО ќе сфатат дека траба да бидат разборити и реални“, порачува шефот на руската дипломатија.