Лавров: Западот се обидува да направи раздор меѓу Москва и Пекинг

Западот се обидува да забие клин меѓу Русија и Кина со постојаното повторување за наводниот нерамноправен односи и зависноста на Москва од Пекинг, изјави во интервју рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервјуто за рускиот портал Аргументы и Факты, шефот на руската дипломатија истакнува дека таквите тврдења за нерамноправниот однос меѓу Москва и Пекинг „непријателските земји генерално ги преувеличуваат веќе долго време“.

„Гледаме на тоа како обид да се фрли сенка врз нашите успеси, да се забие колец на раздорот во пријателството меѓу Москва и Пекинг“, додава Лавров.

Порача дека разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега по должност Кси Џинпинг започнале „стратешко партнерство“ меѓу двете земји надвор од „исклучителниот билатерален однос“.

„Секако дека имаме чувство на заедништво и подготвеност да застанеме раме до раме во одбраната на темелните односи на секој од нас“, вели Лавров.

Кина и Русија потпишаа договор за партнерство „без ограничување“ на почетокот од 2022 година, неколку седмици пред почетокот на руската инвазија во Украина.

Лавров во истото интервју, исто така, вели дека непријателскиот став на Европската унија кон Москва значи дека Унијата ја „изгубила“ Русија, додека руската страна има намера да „постапи остро“ со Брисел доколку тоа биде потребно.

„Како одговор на непријателските чекори, ќе дејствуваме остро доколку биде потребно врз основа на националните интереси на Русија, како и начелата на реципроцитет прифатени во дипломатската пракса“, истакнува Лавров.