Во кујната на Нетпрес денеска се одлучивме да готвиме секогаш вкусните и неодолови лазањи овојпт со печурки, колбаси и спанаќ, а за десерт подготвуваме ванила лешник мафини.
Потребни состојки
250 гр тестенини за лазањи
450 гр лути домашни колбаси
300 гр сечкани печурки
60 мл вода
450 гр спанаќ
1 пакување доматно пире
¼ филџан свежо сечкан босилек
450 г меко сирење
250 г моцарела сирење, рендано
сол и мелен црн пипер по вкус
Подготовка
Рерната загрејте ја на 170 степени . Земете огноотпорен сад за готвење со димензии 25–35 сантиметри (отприлика) и намрсете го. Потоа ставете голем сад со вода за да се вари.
Тестенините гответе ги во водата си додека не се ал-денте (не многу меки, 2 минути помалку од упатството за приготвување). Потоа исцедете ги, вратете ги во садот и покријте ги со ладна вода.
Земете голем сад за пржење, кој не лепи и намрсете го. Во него ставете ги колбасите да се пржат и превртувајте ги со дрвена лажица сè додека не поруменат. Додајте ги печурките и ¼ филџан вода, па продолжете да готвите си додека колбасите не се готови, а водата испарена (околу 8–10 минути). Од спанаќот исцедете ја водата и ставете го во тавчето, потоа тргнете го од оган.
Доматното пире измешајте го со босилекот и додајте му сол и црн пипер.
Лазањите редете ги на следниов начин: во огноотпорниот сад полијте ½ филџан од подготвените домати. Наредете ги тестенините, за да се прекрие дното. Потоа ставете половина од мешавината со колбаси, 1/3 од останатото доматно пире и 1/3 од моцарелата. Продолжете со нов ред тестенини, ставете од мекото сирење, па спанаќот со колбаси, па половина од останатото доматно пире и половина од останатата моцарела. На крајот наредете уште еден ред тестенини и додадете го остатокот од доматното пире.
Покријте ги лазањите со фолија и печете додека не почне да прави меурчиња и да крчка, околу 1 час до 1 час и 10 минути. Отстранете ја фолијата и растурете го остатокот од моцарелата врз лазањите. Вратете ги во рерната и печете додека да се растопи сирењето, 8–10 минути. Тргнете ги лазањите од рерна и оставете ги да се оладат 10-ина минути пред да ги послужите.
Ванила лешник мафини
Состојки
140 гр масло
140 гр шеќер
2 јајца
5 капки ванила арома (или 2 кесички ванилин шеќер)
150 гр јогурт
150 гр брашно
1,5 мала лажичка прашок за пециво
100 гр мелени лешници
Декорација по желба
Подготовка
Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Подгответе 12 до 16 калапи за мафини. Маслото и шеќерот изматете ги со миксер, додајте јајца (постојано мешајте), јогурт, ванила арома.
Брашното измешајт го со лешниците, прашокот за пециво и тоа додајте го во смесата, мешајте се’ додека сето тоа не се соедини. Со подготвената смеса пополнете ги калапите и печете од 25 до 30 минути.
Украсете ги мафините по желба со шеќерен прелив или чоколадна глазура.
Пријатен апетит!