Лазаревски: Имаме добра шанса да тргнеме победнички во Европа

Милан Лазаревски е еден од лидерите во играта на овој Вардар 1961. По двегодишна пауза екипата се враќа во еврокуповите, а прв предизвик во Европската лига на ЕХФ ќе биде исландски Валур. Македонскиот пивот верува дека може да се отвори европската сезона победнички.

„После две години пауза повторно сме присутни на европската сцена. Имаме поволна група што се однесува на ждрепката. Првиот меч со Валур има посебно значење, противникот ни е доста по мерка затоа што не се работи за физички силен ривал, туку имаат брза игра. Ние сме фаворити дома и дека имаме добра шанса да ја отвориме сезоната со победа во Европската лига на ЕХФ. Сите сме свесни, никој не го зема моментот здраво за готово дека играме во Европа. Сите чекаме да почне ова европско натпреварување“, изјави Лазаревски.

Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Валур се игра во СЦ „Јане Сандански“ во вторник од 20:45 часот.