Тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров кажа дека неговата екипа е млада и сè уште собира искуство од овие натпревари.
„Војводина има искусен и квалитетен тим, а тоа го покажа и на теренот. Тешко е да се игра против ваков тим, посебно кога имате млад состав кој учи од овие натпревари и сè уште собира искуство“, кажа Лазаров.
Алкалоид во последното коло од Европската лига на ЕХФ ќе се соочи против Ла Риоха.