Лазаров го објави списокот на играчи на кои смета за СП 

Македонската сениорска ракометна репрезентација ја очекува настап на Светското првенство на почетокот на наредната календарска година, голем настан за кој селекторот Кирил Лазаров објави поширок список на играчи кои се во комбинација.

На листата на Лазаров се 35 ракометари, список на кој доминираат ракометари кои настапуваат во клубовите во нашето првенство, поточно само тројца се интернационалци-голманот Мартин Томовски од Потсдам и бековите Филип Талески (Бенфика) и Мартин Карапалевски (Валјадолид).

Само за потсетување нашата селекција е дел од групата Д и во Вараждин ќе ги одмериме силите со Гвинеја, Холандија и Унгарија во периодот од 15 до 19 јануари.