![kire1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/kire1.jpg?resize=600%2C337&ssl=1)
Дел од групата “воини” од Барселона секако беше и нашиот Кире Лазаров, а европскиот шампион преку својата официјална веб страна соопшти дека необичната фотосесија е направена со цел да се приреди изненадување за ракометните фанови, кое ќе биде подетално познато во наредните неколку дена.
Како и да е, мора да се признае дека ракометарите на Барса делуваат идентично страшно и во својата нова улога која ја добија пред објективот, а во продолжение погледнете ги најинтересните фотографии од сесијата во која доста истакнат е и македонскиот капитен Лазаров.