Лазаров и донесе нова победа на Барселона

Ракометарите на Барселона забележа нова убедлива победа во АСОБАЛ-лигата, овој пат над Адемар Леон 26:40 и уште еднаш покажувајќи дека нема достоен ривал во шпанското првнство.

Овој меч послужи како загревање за каталонскиот гигант пред дерби дуелот против ПСЖ во рамките од Лигата на шампионите.

Македонскиот ракометар Кире Лазаров одигра уште еден квалитетен натпревар, на своето вообичаено ниво, и со шест погодоци и исто толку асистенции беше меѓу главните фигури во оваа победа на Барселона.