Екипата на Барселона се избори за учество на Фајнл фор турнирот од Копа дел реј откако и во вториот натпревар беше подобра од составот на Пуерто Сагунто со 44:27.
Македонскиот репрезентативец во редовите на Барселона, Кире Лазаров, уште еднаш беше меѓу најдобрите на теренот постигнувајќи шест погодоци.
Кај гостите одличен настап имаше македонскиот ракометар Дарко Димитриевски, кој пет пати ја затресе мрежата на каталонскиот гигант, покажувајќи дека ќе биде одлично засилување за тимот на Пуерто Сагунто во вториот дел од сезонава.