Лазаров ја освои титулата во АСОБАЛ

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со својот тим Барселона и официјално ја освои шампионската титула во АСОБАЛ, откако на пет кола пред крајот, има недостижни 12 бода предност пред првиот конкурент, Гранољерс.

Барселона на домашен терен го уништи Арагон, победувајќи го со 48:22, а македонскиот капитен беше стрелец на седум гола,  исто колку и Хуан Гарсија. Ги постигна без ниту едно промашување, со максимален ефект на удари од поле, а реализираше и три седмерци