Според најпознатата светска обложувалница Вилјам Хил, Макердонија има минимални шанси да се закити со титулата на претстојното Европско првенство во Данска. Коефициентот дека “црвено -жолтите” ќе ја освојат титулата е (151), а зад нас се само репрезеднтациите на Црна Гора (251), Австрија и Белорусија со коефициент (501).
Но, кога станува збор за најдобриот стрелец Кире Лазаров е трет фаворит со коефициент 7.00, зад Чехот Филип Јиха и Хрватот Филип Јиха (5.50).
Прв фаворит за титулата е домаќинот Данска со коефициент 2.50, пред Шпанија (3.75), Хрватска (5.50) и Франција (6.50).
Данска е фаворит и за првото место во групата со коефициент 1.06, пред Чешка (11.00), Македонија (15.00) и Австрија (51.00).