Лазаров: Металург сега игра подобро

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со својата Барселона последниот натпревар во групната фаза во Лигата на шампионитеќе го игра против македонскиот вицешампион Металург. Ова ќе биде дуел за престиж, бидејќи, берз разлика на исходот Барселона ќе биде првопласирана, а Металург ќе го освои третото место во групата. Но, тој има само пофални зборови за избраниците на Лино Червар.

„Металург игра многу подобро во пролетниот дел од сезонава. За тоа доказ се и победата против Веспрем и бодот на гостувањето против Динамо во Минск, како и добрата партија во Париз против ПСЖ, каде домаќините трепереа до последниот момент околу прашањето на победникот. За разлика од есента играат многу побрзо и потечно. Што се однесува до нас, ние примарната цел ја остваривме со освоеното прво место во групата. Во секој случај натпреварот ќе го искористиме, бидејќи ни се потребни силни противници за да растеме како тим. Очекувам прекрасен амбиент во Скопје, бидејќи македонската публика тоа го заслужува„ изјави Лазаров по еден од последните тренинзи пред доаѓањето со дрим-тимот на Барса во Скопје.
Мечот меѓу Металург и Барселона ќе се одигра денска во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 18.00 часот.