![1654057_584050181680107_1359927870_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/1654057_584050181680107_1359927870_n.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, со 201 гол во сите седум натпреварувања е водечки стрелец на Барселона сезонава. Инаку 58 од тие 201 гол, македонецот ги постигна во Лигата на шампионите каде е прв клубски стрелец.
Во Купот на шпанскиот Крал, каде Барса до овој момент одигра три натпревари, Лазаров е најдобар клубски стрелец со 17 гола, Французинот Никола Карабатиќ е втор клубски стрелец со 178 гола (најдобар стрелец на клубот во АСОБАЛ лигата со 94 гола), па следат Виктор Томас со 165, Сергеј Рутенка со 162 и Јаспер Нодесбо со 138 гола. Севкупно Барселона до овој момент одигра 43 официјални меча и постигна 1593 гола или во просек 37,04 гола по натпревар. Но, сезоната се уште трае и овие бројки би требало да бидат надминати.
Македонецот доби пофални зборови и од шпанскиот весник „Марка“, кој за Лазаров напиша дека е тивкиот голгетер, кој не е многу медиски експониран како останатите звезди на Барселона. Весникот го претставува Лазаров како идол на нацијата, но не е често во фокусот на медиумите во Шпанија како Карабатиќ и Рутенка.
„Тој е скромен и фамилијарен и покрај спектакуларниот пат во неговата кариера.Импресивни се сите трофеи кои ги освои во кариерата „тивкиот голгетер„ а сезонава ќе стане национален шампион и во четвртата земја каде што настапувал,” се вели во текстот на „Марка”.