Лазаров: Не можевме да ги преброиме грешките, играчите потфрлија

По поразот во Дебрецин во име на националниот тим зборуваше селекторот Кирил Лазаров, кој истакна дека некои играчи одиграле далеку под ниво и не смее да си дозволат такви работи кога го носат дресот на Македонија.

„Сами забележавте дека не можеме да ги преброиме грешките кои ги направивме. Бев немоќен како и да реагирам затоа што работите се случуваа како на филм и играчи од типот кои играат во клубови и каде имаат коректни улоги, коишто играат Лигата на шампионите, во Бундеслигата, не смеат да си дозволат такво нешто. Без разлика дали е добра стратегијата или не е, или си играч или не си, ние сме тука да ги подготвиме сите, меѓутоа тие се тие што одлучуваат на самиот терен.

Дојде до едне психолошки блок во кој бевме немоќни. Видикот и перцепцијата на цел терен се намали и едноставно не знаевме што правиме. Очигледно е дека се има голем притисок, откако не тргна работата добро се вративме, но потоа пак паднавме. Евидентно е дека треба да учиме уште многу и да работиме“, изјави Лазаров.