Иако неколку европски ракометни гиганти беа на готовс да го донесат капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров сепак леворакиот “бомбардер” го продолжи договорот со Барселона и ги остави со празни раце.
“Барса беше мојот сон уште од дете. Сонот продолжува… На заедничко задоволство, довербата меѓу нас сега е уште поцврста и продолжуваме со нови предизвици и високи цели. И покрај неколкуте понуди, во ниеден момент не размислував за друга опција, освен за Барса” – изјави Лазаров за порталот ЕКИПА.
Тој во Каталонија пристигна во 2013 година од редовите на Атлетико Мадрид, откако “мадриѓаните” банкротираа. Најдобриот македонски ракометар претходно настапуваше и за Сиудад Реал и во изминативе пет години во Шпанија изгради високо реноме. Две сезони по ред е прв стрелец на Барселона во АСОБАЛ и во Лигата на шампионите. Лазаров е и актуелен лидер на листата на стрелците во ЛШ.