Капитенот на македонската рекометна репрезентација, Кирил Лазаров, е светска ракометна ѕвезда и од него веројатно нема подобар соговорник во селекцијата пред настапот на Европското првенство во Хрватска, а во интервју за интернет поратлот на ЕХФ, капитенот вели дека Македонија има одличен микс на млади и искусни ракометари и топ селектор во Раул Гонзалес.
„Едвај чекам да почне првенството. Има микс од ракометари на различна возраст и супер селектор. Очекувам како и секогаш и огромна поддршка од нашите навивачи. Секако Германците се фаворити во групата, но и трите балкански селекции си имаат свои сметки“, вели Лазаров.
Тој е најдобриот стрелец на светските шампионати, а сега на ред е Европскиот ракометен самит во Хрватска. Македонија ќе игра во Ц групата против Словенија, Црна Гора и актуелниот шампион Германија, а три селекции одат понатаму.
„Ова е интересна група, со еден фаворит, Германија и три израмнети селекции. Но, Германците ќе немаат голема поддршка од навивачите, за разлика од нас, Словенците и Црногорците што може да биде фактор на изненадување. Очекувам интересни дуели“, додава тој.