Лазаров повторно прв стрелец на ЕП во Полска

Лазаров повторно прв стрелец на ЕП во Полска

Со 11 гола вчера против Норвешка, Кире Лазаров се врати на чело на листата со стрелците со 32 гола, колку што има и Михаел Јурецки од Полска, кој во мечот со Белорусија, постигна 9 гола.

Дејан Манасков со 28 гола е петти на листата на голгетерите на турнирот.

Михаeл Јурецки со 56 поени, односно 32 гола и 24 асистенции е водечки и по бројот на поени во листата за најкорисен ракометар каде се собираат головите и асистенциите. Кире Лазаров е петти со 43 поени (32 гола и 11 асистенции).

извор: lazarovkiril7.com