Екипата на Барселона во чии редови настапув амакедонскиот ракометар КиреЛазаров одигра лош прв четврт-финален натпревар во Лигатана шанмпионите.
Каталонците загубија на гостувањето кај Р.Н.Ловен, со 38:31 (22:14), а во еден момент губеше и со 11 гола разлика, 30:19. Останува да се види дали Барселона е кадарна да надокнади негатива од седум гола на реваншот, кој се игра во сабота. Р.Н.Ловен е водечка екипа во Бундес-лигата и тоа е тимот што пред неколку дена го надигра и големиот Кил.
Уве Генсхајмер постигна дури 14 гола, а Ландин скроти 17 удари. Кај Барселона најдобар беше Кире Лазаров, со 10 постигнати гола, седум од пенал.