Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазров, обезбеди учество на фајнл форот во Лигата на шампионите, откако на домашен терен во реваншот од четвртфиналето со својата Барселона го совлада германскиот Р. Н Ловен со 31:24.
Барселона успеа да се пласира на завршниот турнир само поради тоа што има постигнато повеќе погодоци на гостински терен, бидејќи на првиот натпревар Гермаците славеа со 38:31.
Лазаров на овој натпревр не беше во елемент и постигна само два гола во второто полувреме, но најважно од се е дека Барселона успеа да се пласира на фајнл форот во Келн.
Место на завршниот турнир обезбедија уште Веспрем, кој и во реваншот славеше над најбогатиот клуб во ова натрпеварување Пари Сен Жермен со 31:26 , додека Фленсбург заради еден гол повеќе постигнат на гости го елиминираше македонскиот шампион Вардар и покрај тоа што загуби со 27:25.
Последниот патик на завршниот турнир е Кил, кој денеска го игра реваншот со Металург, но има десет голови предност од првиот натпревар во Скопје (31:21).