Kапитенот на македонската ракометна репрезентација и член на шпанската Барселона, Kирил Лазаров, го доби признанието за најдобар спортист зa 2013 во изборот што го направи дневниот весник „Дневник”.
Македонскиот спортски амбасадор вторпат во овој традиционален избор со своите лични, екипни и репрезентативни постигнувања во изминатата година заслужено го понесе епитетот најдобар.Трофејот ракометарот со број 77 во Барселона го прими во хотелот „Александар Палас„ во Скопје пред одигрувањето на мечот Металург – Барселона.