По неколкуте филтри низ кои поминаа ракометарите во изборот за најдобар ракометар, а во организација на реномираниот портал Handball-planet, остана најтесниот избор, односно по четири фаворити за секоја позиција.
За позицијата најдобар десен бек води нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, кој има водство од околу 1000 гласови пред Ласло Наѓ. Во конкуренција се и ракометарот на Металург, Ренато Вугринец и Марко Вујин.
Навивачите имаат право да гласаат уште два дена, по што нивните гласови ќе се додадат на оние од реномираните ракометни новинари, па со заеднички гласови ќе биде избран и најдобриот ракометар во светот, барем според овој избор.
Инаку ова е четврта година по ред како Handball-planet организира избор за најдобар ракометар на светот. Во 2011. година, за најдобар играч беше избран Ласло Наѓ, следната година титулата ја понесе Чехот Филип Јиха, додека минатата година за најдобар играч беше прогласен Хрватот Домагој Дувњак.
Водечки во моментов, барем на своите позиции се:
Лево Крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев Бек – Микел Хансен (ПСЖ)
Централен бек – Никола Карабатиќ (Барселона)
Десен бек – Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило – Ласе Сван Хансен (Фленсбург)
Пикер – Ренато Сулиќ (Веспрем)
Голман – Арпад Штербик (Вардар)
Дефанзивен играч – Гедеон Гвардиола (Рајн Некар Левен)