Началник на Одделот за борба против организиран криминал, Лазе Велковски, не ја раководел полициската акција со лажното киднапирање на почетокот на неделава.
Велковски во деновите кога се одвивала полициската интервенција не бил на работа, односно бил надвор од земјава. Тој бил на неколкдневен престој во шпанската престолнина Мадрид.
Инаку, како што веќе објавивме во полициска акција за случај на киднапирање, полицајците наместо киднаперите, ја уапсиле жртвата. МВР со соопштение до јавноста информираше дека приведено било лице кое сакало да исценира киднапирање за да извлече пари од своите родители. Но, после еден ден било утврдено дека е направена грешка, па киднапираниот бил ослободен, а полицијата уапси две осомничени лица.