Лазе Велковски стана истражител во Обвинителството за организиран криминал

Поранешниот началник на Секторот за борба против организиран криминал и корупција во МВР Лазе Велковски, кој во мај експресно беше пензиониран откако наврши 40 години работен стаж, без законската можност да го продолжи работниот стаж како другите полицајци уште 5 години, од утрово влезе во тимот истражители на Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Русковска изјави дека Велковски е ангажиран првично на три месеци, со договор на дело.

„Велковски е земен со договор на дело да помогне во формирањето на истражниот центар во одделот за гонење лица со полициски овластувања. Утринава го потпишавме договорот“, вели шефицата на организиран криминал.