Лажен полицаец претепал и ограбил момче

Policija

Лажен полицаец претепал и ограбил момче, утрово во скопската населба Аеродром, информираше МВР.

Според полицијата, Д.П.(23) од Скопје пријавил дека околу 3.30 часот, додека се движел по булеварот Кузман Јосифовски Питу со својот автомобил „фиат пунто“ со негова другарка, во близина на железничката станица бил пресретнат од автомобил „киа“.

Тој продолжил по булеварот Јане Сандански, но кај ТЦ „Бисер“ пак биле пресретнати од „Киата“. Тогаш од автомобилот излегле тројца, а возачот извадил легитимација и лажно се претставил дека е полицаец.
Измамникот му побарал и му ги зел телефонот и документите. Потоа Д.П. заминал кон паркот во Ново Лисиче, каде требало да се види со пријатели, но и таму дошле и тројцата со „киата“.

Тројцата и од неговите другари побарале документи. Едно од лицата физички го нападнало Д.П. и му се заканувало со пиштол.
Полицијата веднаш по пријавата презела активности и во полициска станица е приведен измамникот Г.С. (25), против кого по расчистување на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.