Лажен столар земал пари за кујни, но не ги изработувал

Струмичанец лажно се претставувал дека е столар, па земал пари за нарачки, но не ги изработувал кујните, информираше МВР. Станува збор за К.Б.(53) против кого полицијата до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава за измама.
Кривина пријава заработил и И.М.(56) од Василево кој се товари дека му помагал на измамникот.

Според полицијата, двајцата осомничени од декември лани до март годинава измамиле петмина жители на селата Василево, Добрашинци и Висока Маала. Пред месното население струмичанецот лажно се преставувувал како мајстор за изработка на кујни, комоди, ПВЦ и дрвена столарија, а И.М. го искористувал личното познанство и довербатата што ја имал кај селаните за да полесно ги убеди да нарачаат производи. Поради тоа оштетените му давале пари на измамникот за нарачаните производи, кои К.Б.никогаш не ги изработил и доставил. На тој начин К.Б. се стекнал со имотна корист од 153.750 денари.