Александар Лазевски, брзоногиот лев бек е нов член на словенечка Олимпија Љубљана.
Повремениот македонски репрезентативец потпиша договор со кој се обврза на едногодишна соработка, секако со можност истиот да биде обновен доколку на крајот од сезоната има желба од двете страни.
“Голема чест за мене е да бидам во клуб со богата традиција и историја. Се надевам дека ќе оставам добар впечаток и дека ќе му помогнам на тимот да ги исполни своите цели”, изјави Лазевски за официјалната интернет страница на словенечкиот тим.
Лазевски во својата кариера играше за српските тимови Телеоптик, Партизан, Рад и за украинската Говерла.