Дојава за бомба во градската депонија во Штип.
Од страна на штипската полиција се преземени мерки и од извршените проверки констатирано е дека се работи за лажно пријавување кое го извршил единаесет годишен малолетник од Штип кој го земал мобилниот телефон на неговиот татко и се јавил на „192“, лажно се претставил и лажно пријавил за поставена бомба на наведената локација. Лицето со неговиот татко се повикани на разговор во полициска станица.