Лажна дојава за бомба во Драчево

Лажна дојава за бомба во објектот до Стопанска банка на улицата Жарко Зрењанин во населбата Драчево.

Вчера во Центарот за известување и командување-Скопје, од страна на анонимен граѓанин било пријавено дека е поставена експлозивна направа во објектот. На лице место излегла екипа од Антитероризам, при што е утврдено дека се работи за лажно пријавување.