Лажни дојави за бомби во стотина училишта во Белград

Стотина училишта во Белград се евакуирани во понеделникот по дојави за подментати бомби кои се покажале лажни, објави министерството за образование.

Родителите во понеделникот утрото примиле известувања од училишните управи децата до поинаква информација извесно време да не ги носат училиштата. Подоцна во 21 основно училиште пред почетокот на втората смета повоторно биле примени дојави за подметнати експлозивни направи.

По детални проверки од страна на екипи на министерството за внатрешни работи, утврдено е дека дојавите за подметнати бомби во училиштата биле лажни, соопшти министерството.

Во понеделникот дојава за подметната експлозивна направа била примена и на аеродромот во Ниш.

Заканите со бомби изминатите денови доаѓаа и за железничката станица во Нов Белград, и двапата за белградската зоолошка градина.

Серијата за подметната бомби во Србија започна во март, најпрво за авиокоманијата „Air Serbia“ која по почетокот на руската воена операција во Украина продолжи да лета, единствената покрај турските компании, на линијата Белград – Москва и обратно.

Од почетокот на руско-украинската војна кон крајот на февраури повеќе од дванаесет летови на „Air Serbia“ биле присилени да се вратат во Белград или во Москва поради закани со бомби, а белградскиот аеродром „Никола Тесла“ била евакуирана најмалку трипати.

Кон средината на април, српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини Украина и неименувана земја на Европска унија за пласирањето лажни дојави за поставени бомби во патничките авиони на српската воздухопловна компанија „Air Serbia“.