Проверките за дојави на бомби во дел од училиштата и Аеродромот Скопје се завршени и утврдено е дека дојавите се лажни.
Од МВР потврдија дека завршено е проверката на Меѓународниот Аеродром Скопје, во дел од училиштата и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
– По комплетирање на проверките и во другите објекти, соодветно ќе известиме – посочуваат од МВР.
Завршени се проверките и во хотелот „Александар Палас“ и гостите се вратиле во своите соби.