1.8 C
Skopje
четврток, декември 19, 2024

Лажно пријавени активисти дека давале поткуп во Македонска Каменица -Тоа е во доменот само на СДСМ

Иако не ми е во домен да играм со црна кампања како што тоа го прави мојот политички опонент, госпоѓата Стаменкова, сега се наоѓам пред нејзиниот капитален проект кој што се уште не е отворен, а граѓаните на Македонска Каменица тоа многу добро го знаат, а јас само уште еднаш сакам да ви кажам уште еднаш дека масовно да излезете на 31 и да ја дадете поддршката за бројот 7, ова преку изјава за медиумите го истакна Димче Атанасовски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица.

Тој додава дека денес беа лажно пријавени нивни активисти дека давале поткуп.

-Тоа е во доменот само на СДСМ и во нивниот начин на водење на кампањата. Чесните ќе дојдат на власт од понеделник на власт и ќе дадат се најдобро за граѓаните на Македонска Каменица.