Неколку минути пред почетокот на конференцијата за новинарите на хрватската фудбалска репрезентација на московскиот стадион Лужники, прес-центарот е евакуиран.
Новинарите, фоторепортерите и камерманите биле замолени итно да го напуштат стадионот. Тревогата била огласена и во другите простории на стадионот.
За среќа, тревогата била лажна и набрзо стасало известување дека сите може да се вратат во салата за прес-конференции.