Лажна вест е дека ВМРО-ДПМНЕ е пред исклучување од ЕПП

Претседателот на Европската Народна Партија (ЕПП), Џозеф Дол, лично ја демантираше веста објавена од страна на МИА, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучена од демохристијанското европско семејство.

Дол на Твитер објасна кои се правилата за исклучување од ЕПП.

Постојат јасни правила за исклучување на партија од ЕПП: Во членот 9 од нашиот статут јасно стои дека 7 членки од 5 држави мора да испратат барање до претседателството на партијата за исклучување на партија. Ние секогаш ги почитуваме правилата, но сé уште не сме добиле такво барање, напиша тој.

https://twitter.com/JosephDaul/status/1052516389552934912

 

Дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска пред неколку денови објави текст во кој тврдеше дека челници од ЕПП му се заканиле на Христијан Мицкоски дека ќе ја исклучат ВМРО-ДПМНЕ од демохристијанското семејство, поради тоа што не го прифаќал Договорот од Преспа.

Милевска напиша дека претседателот на ЕПП, Џозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Дол на “крајно недипломатски и на строг начин“ го предупредил Мицковски дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на Преспанскиот Договор, партијата “ќе мора целосно да ја сноси одговорноста за сите последици со кои ќе се соочи земјата“.

Дипломатите во Брисел стравуваат дека без Преспанскиот Договор, Македонија ќе биде изолирана, политички и економски и дека со соочува со сериозен ризик од демократско назадување. Челници на ЕПП му ставиле до знаење на Мицковски дека една од можните последици со кои се соочува ВМРО-ДПМНЕ е исклучување од редовите на нивното европско семејство- напиша Милевска.

 

Бидејќи со објавата на Дол се демантира веста која ја објави Милевска, останува да видиме дали МИА ќе поведе дисциплинска постапка против новинарката.

Инаку вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на покана на ЕПП се обрати на конференцијата насловена „ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?“.