ЛДП: Додека Грчева промовира политики против Бугарија, нејзиниот син стана советник во Софија

Синот на поранешната пратеничка и претседателка на партијата ,,Глас за Македонија” Солза Грчева, Андреј Зографски, од партијата ,,Спас за Софија” на локалните избори во Софија освои советничко место во Градското собрание на Софија од Коалицијата ,,Продолжуваме со промените“-,,Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и ,,Спас за Софија“, соопшти ЛДП.

-Со оглед на фактот дека граѓаните за да избираат и да бидат избрани мора да поседуваат државјанство, евидентно е дека за добивање бугарско државјанство, синот на Солза Грчева потпишал декларација дека ,,тој и неговото семејство по потекло се етнички Бугари, објави Либертас.мк.

-ЛДП ја почитува слободата на уверувањето и приватноста, меѓутоа ваквата контрадикторност доведува до блокирање на нашата европска иднина само поради добивање на политички поени. Доста е од лицемерие и дволичност. Доста е од двојни аршини и глумење лажен патриотизам кој оди исклучиво на штета на перспективата на државата, се вели во партиското соопштение на ЛДП.