ЛДП и ДОМ нема да дадат поддршка за кандидатите на СДСМ

Ние сметаме дека граѓаните се доволно интелегентни и доволно паметни, нашите гласачи овие 30.000, да ние нема потреба да ги насочуваме за кого ќе гласаат, тие доволно знаат за кого да го дадат гласот и сметаме дека секое наше јавно објавување или поддршка значи дека ние сме влегле во ова да се пазариме со тие гласови, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП, објавува порталот „Локално“.

ЛДП и ДОМ јавно нема да дадат јавна поддршка за ниту еден од кандидатите на „Најдоброто за вашата општина“.

– Ние, уште пред да започне кампањата, изјавивме дека тоа се гласови на граѓаните. Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град, и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец, рече претседателката на ДОМ, изјави Морачанин.