ЛЕ: Арсенал подобар од Валенсија, Ајнтрахт и Челзи ремизираа

Во првите полуфинални дуели од Лига Европа фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт на свој терен одиграа 1:1 (1:1) против Челзи, додека Арсенал во Лондон ја совлада Валенсија со 3:1 (2:1).

Ајнтрахт поведе во 23 минута со погодокот на Лука Јовиќ кој одлични шутираше со глава од 15-ина метри по асистенција на Костиќ. За Челзи израмни Педро во последната минута од првото полувреме, откако беше проигран од Лфтус-Чик. Челзи беше подобар противник со 16 шутеви на противничкиот гол, од кои 5 во рамките, додека Ајнтрахт имаше 6 обода од кои два одеа директно во голот. Лондонците и двојно ја имаа во свој посед топката.

Во Лондон поведе Валенсија со голот на Муктар Диакаби во 11 минута кога од метар оддалеченоста со глава ја испрати топката во противничката мрежа од метежот по изведениот корнер. Но Александр Лаказет набрзо направи целосен пресврт за „Топчиите“ со погодоците во 18 и 25 минута кои беа последица на грешките на гостинската одбрана. При првиот гол Лаказат ја започна акцијата додавајќи до Пјер-Емерик Обамејанг кој ја изигра целата одбрана на Валенсија и ја врати топката до осамениот Лаказет кој од 16 метри го погоди празниот гол. При вториот погодок гостинскиот голман Нето многу слабо реагираше на шутот на Лаказет со глава и топката му се излизга преку гол-линијата. Арсенал дојде до почувствителна предност пред реваншот на гостински терен со голот на Пјер-Емерик Обамејанг во последната минута од натпреварот, кога биеше од непосредна близина откако убаво го проигра Колашинац.

Реванш натпреварите се играат во Лондон, односно Валенсија, на 9-ти мај, а вкупните победници ќе се сретнат во финалето на 29-ти мај кое ќе се игра во азербејџанската престолнина Баку.