Лејди Гага не сака да ја исплати наградата од 500.000 долари за пронаоѓањето на нејзините кучиња

Познатата пејачка Лејди Гага ги изгубила своите кучиња во 2021 година, но кога и биле вратени, таа одбила да ја плати ветената награда.

Кучињата биле украдени под закана од пиштол од лицето кое ги носел на прошетка. Станува збор за два од трите француски булдози кои биле украдени откако крадците пукале кон човекот кој ги шетал, додека третото куче побегнало.

Лејди Гага понуди награда од 500.000 долари на тој што ќе и ги врати кучињата.

Џенифер Мекбрајд ги вратила кучињата живи и здрави, но пејачката се предомислила два месеци подоцна кога тројца крадци биле уапсени поради грабеж и обид за убиство. Покрај тоа, има сомнежи дека жена која наводно им помогналае токму личноста која ги вратила кучињата.

Откако слушнала за обвинувањата, Лејди Гага одбила да ја плати ветената награда, па Џенифер Мекбрајд решила да поднесе тужба. Од друга страна, пејачката бара од судот во Лос Анџелес да ги отфрли обвиненијата.