Пејачката Лејди Гага потврди дека ќе ја игра една од главните улоги во новото продолжение на популарниот филм „Џокер“.
Таа заедно со Хоакин Феникс, кој доби Оскар за улогата на Џокер, ќе се најде во новото продолжение на филмот како Харли Квин, Режисер на филмот е Тод Филипс.
Филипс веќе некое време го пишува сценариото заедно со косценаристот Скот Силвер. Кон средината на јуни тој го откри насловот на новиот проект „Joker: Folie à deux“, кој упатува на медицински термин за идентично или слично ментално заболување кај две или повеќе лица, односно членови на едно семејство.
Наводно, вториот дел од филмот е мјузикл. Продуцентот на новиот Џокер беше продуцент и на „Ѕвездата е родена“ во која главата улога ја имаше токму Лејди Гага.
Пејачката објави краток тизер, со што потврди дека таа и Хоакин се главните улоги.
Joker: Folie à Deux
10.04.24 pic.twitter.com/obp7T9lBFL— Lady Gaga (@ladygaga) August 4, 2022