Елитните специјални сили од Обединетото Кралство и на САД се присутни во Украина од почетокот на непријателствата со Русија кон крајот на февруари, изјавил извор од француската разузнавачка заедница, на новинар на „Ле Фигаро“ минатата седмица.
Ова тврдење го објави високиот меѓународен дописник на весникот Жорж Малбруно во саботата, денот кога британскиот премиер Борис Џонсон ја оствари својата ненадејна посета на Киев. Британскиот челник, наводно, бил опкружен со припадниц од елитните сили САС, иако ова тврдење не е официјално потврдено.
La visite de Boris Johnson à Kiev confirme la place de Londres comme premier allié de l’Ukraine. “Les unités d’élite des forces spéciales SAS sont présentes en Ukraine depuis le début de la guerre, de même que les Delta américaines”, confie une source française du renseignement. pic.twitter.com/6ziTj4Dpst
— Georges Malbrunot (@Malbrunot) April 9, 2022
Единиците на САС „се присутни во Украина од почетокот на војната, како и американските делти“, напиша Малбруно на Твитер, цитирајќи извор од француското разузнавање. Тој додаде дека, според изворот, Русија добро знаела за „тајната војна“ против нејзините војници што ја воделе странските командоси. „Ле Фигаро“ го вклучи неговиот извештај во своите вести за Украина.
Западниот проборбен консензус беше потврден минатата седмица од шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, кој во саботата рече дека „војната ќе се добие на бојното поле“ додека и тој беше во посета на Киев.
Touched by the resilience, determination and hospitality of @ZelenskyyUA & @Denys_Shmyhal.
I return with a clear to do list:
1. This war will be won on the battlefield. Additional €500 million from the #EPF are underway. Weapon deliveries will be tailored to Ukrainian needs. pic.twitter.com/Jgr61t9FfW
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) April 9, 2022
Британските медиуми претходно објавија дека десетици „пензионирани“ војници на САС заминале или планирале да одат во Украина за да придонесат со својата стручноста во извидување и противтенковска војна за каузата на Киев.
Нивните услуги, наводно, биле платени од „земја во Европа, која допрва треба да биде именувана, преку приватна воена компанија“ наместо од британската влада, пишува британскиот таблоид „Дејли Мирор“.
Руската војска во неколку наврати извести за операции против, како што рече, „платеници“ кои се борат за Украина.
САД и Обединетото Кралство јавно изјавија дека немаат планови да ги вклучат своите војници во борбите во Украина. И двајцата се главни добавувачи на оружје за Киев и обучувале војници во Украина пред руската офанзива. Експертите, наводно, биле извлечени од земјата во пресрет на воените дејствија.
Британското министерство за одбрана на почетокот на март им забрани на активните војници да патуваат во Украина, велејќи дека прекршувањето на правилото може да резултира со кривично гонење. Киев ги повика доброволците во странство да се приклучат на редовите на нејзината новосоздадена „странска легија“ по рускиот напад.
Извор: Раша Тудеј