„Ле Фигаро“: Само три лица знаеле за планираниот масакр на Хамас

Француското издание „Ла Фигаро“ објави дека масакрот на 7 октомври бил детално планиран меѓу три високи личности во Хамас, кои го споделиле планот со другите лидери само половина час пред да биде извршен.

Осама Хамдан, претставникот на Хамас во Либан, за нападот дознал дури од медиумите, откако нападот веќе се случил. На друга висока личност, Салех ал-Ароури, му било кажано само 30 минути пред нападот, со цел да му се овозможи да го предупреди лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Извештајот го цитира лидерот на Хамас кој живее надвор од Газа, Калед Машал, кој коментира: „Само три лица го знаеле точниот датум, време и детали за планот“.

Во извештајот се тврди дека Хезболах бил изненаден од нападот,  уште повеќе што Иран претходно не бил предупреден за тоа. Хезболах планирал свој напад подоцна, а предупредувањето во последен момент имаше за цел да го спречи Насрала сам да преземе акција и да ги задржи медиумите фокусирани на нападите во јужен Израел.

Идејата за копнена инвазија на Израел беше во воздух веќе две години, потврдува за „Ле Фигаро“ извор близок до раководството на Хамас во Јордан: „Првпат слушнав за тоа во 2021 година“. Дали инвазијата беше извршена со знаење на политичкиот ешалон на Хамас кој е со седиште во странство, или Синвар сам одлучил, заедно со Мохамед Деиф, шефот на военото крило на Хамас во Газа?

Политичкиот лидер на Хамас, Калед Мешал, кој е со седиште во Катар, за „Ле Фигаро“ изјави: „Не можеме да одговориме ниту да ниту не“. Според него, „стратегијата на Хамас, која има за цел да стави крај на израелската окупација и да им понуди слобода на Палестинците, спаѓа во политиката на движењето, а сите оперативни детали се доверени на воените власти“ на една организација.

„Ле Фигаро“ заклучува дека времето и датумот на нападот им биле познати само на три или четири лица. Нејзината истрага во Либан, Јордан и Катар сугерира дека Синвар и Деиф внимателно камуфлирале некои од нивните подготовки. Во претходните месеци, Синвар ги сменил водачите на повеќето бригади на Езедин ал-Касам, но сменетите водачи, кои му беа познати на Израел, продолжија да ги заземаат своите позиции.

„Ајман Нофал, на пример, објавен по неговата смрт од страна на Израел на почетокот на неговиот одговор како шеф на разузнавачките служби на бригадите Езедин ал-Касам, не ја извршувал таа работа долго време, тој бил командант на баталјон“, изјавил за „Ле Фигаро“ член на Хамас, кој ја напушти Газа пред еден месец, но останува во контакт со енклавата.

Во прикривањето можеби бил вклучен и шефот на вооруженото крило, Мохамед Деиф, тврди изворот на „Ле Фигаро“, кој сугерираше дека вистинскиот водач на Езедин ал-Касам не е ниту Деиф ниту Марван Иса, официјално негов заменик, туку братот на Синвар, Мохамед Синвар, за кого Израел верува дека ја оркестрирал неверојатната изградба на најголемиот тунел откриен од ИДФ во северниот дел на Појасот Газа.

Синвар има тензични односи со своите сојузници во Катар. „Тој не им верува премногу“, вели изворот на „Ле Фигаро“ од Хамас-Либан, а информацијата ја потврди и извор близок до Хамас во Јордан. „Тој е свесен дека неговите доверители би можеле да го напуштат. Се сеќавам на една епизода пред војната. Израел ги блокираше парите од Катар наменети за Хамас. Катарскиот амбасадор пристигна со само 13 милиони долари наместо 30-те милиони што се очекуваа секој месец. Синвар му рекол: „Земи ги 13-те назад и вратете се со другите 17 како што е планирано“. Катарецот рекол: „Да, но увери ме дека еврејските празници ќе бидат мирни“ Синвар му рекол да си замине со своите милиони“.

Синвар не ги губи нервите само со Катар. На крајот на октомври, во текот на првата недела од израелската копнена операција во северниот дел на Појасот Газа, Синвар му пренел порака на Хезболах прашувајќи зошто не се впушта во посериозни конфронтации со Израел. Хезболах се одлучи да го „заштити Либан“, а неговата неподготвеност можеби беше навредена од недовербата на Синвар на почетокот на нападот и неговото изненадување што не му се веруваше ниту на Иран.

Кога, во првите недели од кризата, катарскиот посредник се обиде да го испита Синвар за намерите на Хезболах да се приклучи на војната или не, Синвар го предупредил Хезболах дека Катар потрошил повеќе време на „извлекување“ информации од него за тоа што Хезболах ќе направи, отколку да преговара за слободата на израелските заложници.